Категории

Благодарение на серијата „Круна“ – Повторно во тренд се 3 модни парчиња на принцезата Диана

Интересот за нив скокна нагло, тие се распродаваат по вртоглави цени.

Четвртата сезона на серијата „Круна“ го привлече вниманието на гледачите поради тоа што фокусот на серијата е ставен врз животот на принцезата Диана а особено е актуелен нејзиниот стил на облекување. За некои парчиња кои ги носеше Лејди Ди, владее таква побарувачка што интересот за блуза со бели крагњи скокна за 7000%.

Актерката Ема Корин која го толкува нејзиниот лик веќе успешно ја изврши задачата а на многу дами им се допаднаа и костимите кои ги носи. Во врска со модниот аспект на приказната, три модни парчиња сега се повторно во тренд по заслуга на серијата.

Во текот на серијата можеме да видиме некои од парчињата кои останаа запаметении обележани на фотографиите. Тоа се синото сако и блуза со машна која Диана ја носеше за вердибата со принцот Чарлс.

И после толку години од својата смрт, принцезата Диана и понатаму претстаува моден пример за многу жени ширум светот.