Категории

Богојавление, Ноќ кога се појавува Господ! Ако сакате да се омажите, на Богојавление направете го ова!

На сите име  познато дека на Богојавление се исполнуваат желби, па за овој празник своите блиски поздравете ги со зборовите “Бог се јави“ – “Навистина се јави“.

Богојавление спаѓа во еден од најголемите христијански празници, па така се појавиле и многу народни обичаи поврзани со тој ден, и ноќ.

  • Отворање на небото.Ова е најпознатиот обичај поврзан за Богојавленската ноќ. Така, се верува дека на Богојавление поточно на полноќ, се отвора небото. Тогаш треба да погледнете во небото и да си замислете желба за која се верува дека со сигурност ќе се оствари.
  • Огледалце под перницата. Обичај е немажените девојки ноќ пред Богојавление да стават огледалце под перницата, бидејќи така ќе го сонуваат момчето за кое ќе се омажат.
  • Предвидување на времето. Обичај е постарите жени според Богојавление да предвидат како година ќе биде. Ако на тој ден има мраз и снег, се верува дека годината ќе биде родна, а ако времето е ведро се најавува сушна година.
  • Капење во река за здравјеПоради подобро здравје луѓето се капат во река пред да падне ноќта на Богојавление.. Овој ритуал може да ги изведуваат исклучиво здрави луѓе.

Прегледи:
971
Објавено на:
18.01.2016