Категории

Бонтон правила: 3 оброци кои ги јадеме на погрешен начин!

Доколку ги јадеме дома, во кругот на семејството и пријателите, јадењата како шкампи, пилешки крилца или меко варени јајца, не ни задаваат проблеми, но кога ќе се најдеме во ситуација кога бонтонот налага некое усогласено однесување – многумина се наоѓаат во незгодна ситуација . Научете како правилно да ги јадете овие оброци на свечените или деловните ручеци.

Меко варено јајце

Со меко вареното јајце на масата може да се најдат ножици со округлест отвор за да може со еден потег да се исече врвот на јајцето. Може да ви послужи и нож со кој лесно ќе го удрите јајцето од страна, ќе го исечете врвот и ќе го ставите на чинијата. На врвот може да ставите и парче путер и да го посолите или побиберите и да го јадете со лажица. Дозволено е и да го зачините јајцето по секој залак.

Суши

Сушито е дозволено да се јаде со прсти и дрвени лажици. Ако јадете со прсти, подигнете го полека со два прста. Во случај да користите стапчиња, внимавајте аголот со чинијата да биде што помал, односно да биде речиси паралелен со масата. Сушите не го мачкајте во сосот од соја, туку искористете го киселиот ѓумбир наместо четкичка и премачкајте со сос.

Полжави

Полжавите исто така можат да ви зададат главоболка од размислувањето за тоа од која страна да им пријдете. Ако се послужени со алат со округлест врв кој потсетува на ножици, фатете го со една рака и искористете ги ножиците за да ја фатите лушпата.

Прегледи:
761
Објавено на:
15.02.2019