Илон Маск на својот профил објави дека борбата меѓу него и Марк Закерберг ќе се одржи во живо на X (поранешен Твитер).
Сите приходи ќе бидат донирани во добротворечки цели за ветерани.
Ривалството започна откако Маск ја искритикува Мета, а уште повеќе се засили откако Марк неодамна лансираше апликација слична на Твитер.
Како ќе се одвива целиот овој настан, останува допрва да видиме.