Категории

Борбата меѓу Маск и Закерберг веројатно нема да се случи

Откако настана кавга меѓу двајцата милијардери Маск и Закерберг, се најави борба во кафез којашто требаше да се одржи во Италија и која сите со нетрпение ја очекуваат.

Закерберг најави дека тренира и се спрема сериозно за истата додека Илон Маск пред само неколку дена најави дека треба да прави операција и дека борбата би се одложила.

Марк вели дека Илон Маск ова воопшто не го сфаќа сериозно.

Закерберг пак, додека ја чека борбата со Маск, во меѓувреме се спрема за борба со друг неименуван противник.

Марк Закерберг веќе неколку години тренира со професионалци за боречки вештини.

Прегледи:
231
Објавено на:
15.08.2023