Категории

Божествената зимска бајка на Зијад Накад

Зијад Накад во кругот на либанските дизајери Ели Сааб и Зухаир Мурад го сочинуваат светото модно тројство кога е во прашање високата мода. На париската недела тој ја претстави колекцијата за есен/зима 2017 која како и секогаш ја магепса публиката. Беспрекорно совршените креации надополнети со зимската идила која царуваше на сцената ја сочинуваа бајката наречена “The Snow Crystal Forest” како што дизајнерот ја именува оваа колекција. Секоја креација беше изработена деликатни материјали како тул, чипка, и рачно навезени мониста и беше пречекувана со огромно одушевување и воздишки од публиката.

Прегледи:
897
Објавено на:
17.07.2017