Категории

Божиќните традиции на Британското кралско семејство

Британското кралско семејство има свои обичаи и традиции кога е во прашање прославувањето на Божиќ, еве кои се тие.

Подготовките се одвиваат однапред
Познато е дека кралицата Елизабета започнува со божиќните подготовки уште во август. Таа пишува честитки до своите роднини, најдобри пријатели и политички партнери. Секоја година ги има околу 700 а Нејзиното Височество мора да ги потпише сама. Кралицата некои ги потпишува на следниот начин „Elizabeth R“, а за роднините пишува прилично неформално: „Lilibet“.

Прослава надвор од градот
За време на празниците, кралското семејство заминува во палатата Сандрингам. Интересно е тоа што ова е најмалата кралска резиденција. Таму можат да бидат сместени само 25 луѓе. И покрај фактот дека кралицата има личен воз, таа стигнува до Сандрингам со редовен патнички воз, заедно со обичните граѓани. Точно е дека кралицата изнајмува цел вагон за патување.

Прославување во кругот на семејството
Денот на семејството во Виндзор се смета буквално. Никогаш не повикуваат пријатели нити подалечни роднини. Своевремено, дури ни Кејт Мидлтон не добила покана иако веќе имала статул на вереница на принцот Вилијам.

Домашна храна
Секако, членовите на кралското семејство ретко готват самите. По ова прашање се потпираат на личните кувари. Меѓутоа, ако сакаат да им угодат на роднините, можат да донесат нешто за свечената вечера. На пример, принцот Чарлс секоја година донесува сливи од сопствената градина. Кралицата му дозволува да донесе овошје на трпезата.

Игри
Виндзор имаат одлична традиција – играат фудбал пред Светата вечера. Тоа го собира целото семејство на куп. Исто така практикуваат лизгање и скијање.

Облека
На свечената вечера на Виндзор, постои специјален дрес код – црна гравата, одело за мажите и макси вечерни фустани за дамите. Традиционално, оваа вечер кралските дами носат семеен накит од непроценлива вредност. Кралицата обожава коктел Заза кој го подготвува самата, а принцот Чарлс пие ракија од цреши, додека принцовите Хари и Вилијам од јаболко.

Божиќни украси
Гостите на 26 декември го напуштаат Сандрингам, но кралицата и војводата од Единбург остануваат таму скоро до напролет. Празничните украси остануваат до февруари. Оваа традиција и е особено важна на кралицата Елизабета за таа да се сеќава на својот татко, кралот Џорџ VI, кој умрел во Сандрингам на 6 февруари 1952 година.