Категории

Божјиот збор ја чисти сета нечистотија од душата

Мудра поучна приказна која ќе ве води низ животот

Млад човек еден ден му пришол на еден стар, искусен и мудар монах и го прашал за совет.
Му кажал на монахот дека секој ден се моли, редовно посетува света миса и го чита Божјиот збор. Сепак, едвај нешто од тоа му останува во срцето, додека поголемиот дел брзо го заборава. Го прашал старецот што да направи.

Стариот искусен монах му ставил во раката стара врбова кошница и му рекол – „Те молам донеси ми во оваа кошница вода од оној извор.“

Младиот човек се зачудил од неговата молба, меѓутоа помислил: Можеби ќе се случи чудо и ќе успее да донесе вода во врбовата кошница.
Стигнал до изворот и долго долго ја држел кошницата во водата. Зафатил вода и потрчал кон старецот. Меѓутоа чудото не се случило. Водата веднаш истекла и кога стигнал назад, кошницата била потполно празна.

Стариот монах му рекол – „Оди повторно. Зграби и донеси вода во кошницата.“
Старецот го испратил десеттина пати до изворот, но било залудно. Младиот човек разочаран се вратил кај старецот со празна кошница.

Монахот му рекол – „Сега погледни. Кошницата која беше валкана, сега е премногу чиста. Исто се случува и со зборовите на Светото Писмо, и со молитвите во твоето срце. Никогаш нема да ти успее да ги задржиш во своето срце, но тие зборови со текот на времето ќе го исчистат твоето срце. Божјиот збор поттикнува на покор, љубов и добри дела. Тие зборови со текот на времето ја претвораат нечистотијата на твојата душа во прекрасна чистина.“

Прегледи:
760
Објавено на:
05.03.2020