Категории

Бремената Емили Ратајковски во секси стајлинг кој го открива нејзиното стомаче

Откако ја објави својата бременост, Емили продолжува да не изненадува со своите модни избори. Наместо широка облека која прикрива таа избира да носи секси отворени стајлинзи кои го истакнуваат трудничкото стомаче.

Овој пат Емили избра тесен црн фустан кој ја следи формата на телото од брендот Aya Muse со изрези на страните во комбинација со црна ташна и црвени кожни чизми.
Моделот претходно минатата недела објави во провокативно видео дека го очекува првото дете со сопругот Себастијан Бер-Меклард.