На промоцијата на својот најнов филм во Лос Анџелес, прекрасната Натали Портман блесна во снежно бела креација на модната куќа Dior од пролетната колекција 2017.
И покрај тоа што е во своите последни месеци од бременоста таа не пропушта ниту еден од јавните настапи за промотивната кампања на својот најнов филм “Jackie“. За секој свој јавен настап актерката внимателно ја избира својата облека а со оглед на нејзината бременост таа претпочита светли и нежни бои кои совршено ја истакнуваат нејзината мајчинска фигура.
Прекрасната бела тоалета е вистинско олицетворение на елеганцијата и префинетост која ја поседува а со оглед на тоа јасно е зошто Натали ја доби улогата на најпознатата прва дама која важи за една од најгламурозните модни икони.