Кристијано Роналдо покажа голема класа и без никакви емоции го проследи неговиот спектакуларен гол против матичниот Спортинг, а дека актуелната ѕвезда на Реал Мадрид е вистински миленик и меѓу фудбалерите на португалскиот состав најдобро ни потврди фотографијата која пристигна од соблекувалната на “Бернабеу”.
Роналдо позираше во дресот на Спортинг заедно со Адриен Силва и Вилијан Карваљо, но сепак во прв план на социјалните мрежи се најдоа неговите брендирани гаѓи на кои на едно доста експлицитно место е поставен бројот „7“.