Иконскиот американски бренд GAP конечно ја откри својата најнова кампања со која го слави своето 90 годишно постоење. Водечката главна улога на кампањата ја носи најпознатиот супермодел – Наоми Кембел заедно со Лизи Џегер (ќерката на Миг Џегер), Челси Тајлер (ќерката на Стивен Тајлер), Румер Вилис (ќерката на Деми Мур и Брус Вилис), како и Коко Гордон (ќерката на Ким Гордон) со кои заедно го претставуваат лимитираното издание наречено ’90’s Archive Re-Issue’. Тоа ги вклучува иконските парчиња од модата на тоа време кога се празнува минимализмот, едноставноста и префинетоста што сеуште има силно влијание врз тековните модни трендови. Погледнете.