Категории

Брзо и без печење: Орео чизкејк со кокос

Доколку сте љубител на чизкејк, тогаш апсолутно ќе ја обожавате оваа кокосова верзија: кремаста, вкусна, совршена! 

Состојки:

  • 350 грама орео бисквит
  • 150 грама стопен путер
  • една лажица масло
  • 500 мл шлаг павлака
  • 200 грама крем сирење
  • 150 грама шеќер
  • 200 грама кокос

Крем од кокос:

  •  200 мл шлаг павлака
  • 200 грама бело чоколадо
  • 100 грама кокос

И уште:

  • 100 грама кокос за посипување
  • Чоколаден прелив за декорација

 

Подготовка:

Одделете го орео бисквитот од кремот. Најдобро е бисквитот да биде ладен за да биде многу полесно. Ги мелеме бисквитите, убаво ги промешуваме со стопениот путер и го распоредуваме во калап за торта претходно премачкан со малку масло. На овој начин, овој чизкејк полесно ќе се одвои од основата кога ќе се сече на крајот.

 

Изматете ја изладена шлаг пена две минути, не подолго. Измешајте го крем сирењето и белото полнење од орео бисквитите, што ги извадивте на почетокот на рецептот. Потоа шеќерот и добро измешајте. Додадете го кокосот во оваа мешавина, измешајте добро и додадете го во шлагот што го подготвивте. Промешајте добро. Оваа смеса нанесете ја врз мелените бисквити и ставете ја во ладилник убаво да се излади.

 

Загрејте ја шлаг павлаката, и веднаш штом ќе зоврие, тргнете ја од оган и додадете го белото чоколадо и промешајте додека не се стопи. Следно додадете го кокосот, промешајте и истурете ја врз тортата и убаво израмнете . Веднаш додадете го преостанатиот кокос одозгора, израмнете и замрзнете го. После сечењето, украсете ја тортата со чоколаден прелив.

Прегледи:
1000
Објавено на:
26.08.2019