Категории

Брзо и лесно – топло чоколадо со цимет: Пијалок што ќе сакате да го пиете цела зима

Топло чоколадо со цимет – пијалок кој ќе го приготвите за неколку минути!

Состојки за 2 лица:

  • 3 дл. млеко
  • 1,5 дл. слатка павлака
  • 100гр. чоколадо со 70 проценти какао
  • Една лажица шеќер, малку ванилин шеќер, малку цимет (или чили)

 

Подготовка:

Загрејте го млекото и павлаката, додадете го чоколадото искршено на парчиња, шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот или чилито. Мешајте на тивок оган додека чоколадото не се растопи и згусне. Послужете го во убави чаши топло или врело, со шлаг.

Прегледи:
511
Објавено на:
29.12.2019