После црната, „виновата“ боја е една од нај женствените и нај елегантни бои. За оваа сезона ви предлагаме неколку burgundy стајлинзи кои ќе ви послужат како инспирација што да носите за празничните прослави. Доколку преферирате дамски и елегантнен изглед тогаш можете да изберете фустан во винова боја, а доколку сакате нешто по класично и софистицирано тогаш одело во оваа боја би бил одличен избор за новогодишната забава со колегите. При тоа со оваа боја совршено одговара златен накит, изберете дискретна огрлица или обетки. Доколку преферирате по лежерна варијанта тогаш одберете топол џемпер во вино боја и комбинирајте го со фармерки или панталони.