Категории

Бушавата коса е апсолутен хит

Ако мислите дека кога ќе се разбудите наутро вашата бушава коса изгледа тотално неатрактивно, тогаш дефинитивно се лажете. Новиот тренд кај фризурите попознат како ‘messy bed hair’ е се повеќе актуелен, па верувале или не холивудските дами толку го обожаваат што го практикуваат дури и на црвениот тепих. Тајната е во волуменозните бушави кадрици кои можете да ги постигнете со неколку извиткувања со помош на фигаро, а доколку сакате поприроден изглед тогаш навечер пред да си легнете сплетете ја вашата коса во една или две плетенки, па утрото кога ќе се разбудите ќе добиете прекрасна волуменозна фризура.
Отсега повеќе нема да губите време во „скротување“ на вашата утринска фризура, таа е сега тотално ин

Прегледи:
517
Објавено на:
19.02.2017