Кланот Кардашијан-Џенер се „закотви“ цврсто на тлото на модниот свет, откако Кајли Џенер дебитира во спортската кампања на Puma редот стигна на нејзиниот татко – односно после промената на полот позната како Кејтлин Џенер. 66 годишниот олимписки добитник на златни медали на својот Инстаграм профил објави: „Се наоѓам во бекстејџот на H&M. Толку сум горда што сум дел од нивната инспиративна спортска кампања. Новостите доаѓаат наскоро, очекувајте!“. За оваа соработка брендот додаде: Ја израбвме Кејтлин Џенер, светски познатата атлета и која се прослави со неколку златни медали затоа што сакаме да претставиме преку новата спортска кампања дека се е возможно – како и во спортот така и во животот. Во оваа колекција ќе претставиме спортска опрема рефлектирајќи индивидуалност и самодоверба.“. Брендот овој потег на нивното ново лице Кејтлин Џенер го смета за доста храбар акт кој треба да биде поддржан.