Категории

Кара Делевињ промовира очила за сонце Шанел 2016

Сигурно сите веќе го забележавте отсуството на младиот британски модел Кара Делевињ која крена огромна фама во модната индустрија и стана миленичка на секоја моден бренд. Причината за нејзиното кратко отсуство на модните писти беше тоа што Кара одлучи да се посвети и на актерството. По само неколку месеци од промоцијата на нејзиниот прв филм таа се врати на својата професија во која сите ја обожаваат. Како најблиска пријателка на дизајнерот Карл Лагерфилд и модната куќа секако беше избрана да ја претстави новата колекција очила за сонце за пролет/лето 2016 која беше снимана позади објективот на самиот дизајнер Карл. Облечена во колоритни јакни и капи типични за нејзниот стил таа ја претстави колекцијата која ќе биде именувана како Plein Soleil, Bijou и SS16 Ready-to-wear-collection која ќе излезе во Април. Задржувајќи го духот на создавателката Коко Шанел – модната куќа вметна препознатливи дизајн и бои карактеристични за брендот.

SpringSummer2016eyewearcollection SpringSummer2016eyewearcollection02 SpringSummer2016eyewearcollection03 SpringSummer2016eyewearcollection04 SpringSummer2016eyewearcollection05

Прегледи:
341
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
17.03.2016