Нема човек којшто едноставно не го обожува чоколадото Тоблероне, без разлика дали се работи за минијатура од само едно “триаголниче”, или за џиновско пакување купено од free-shop.
Од друга страна речиси и да е невозможно да скршите едно “триаголниче” од примамливото чоколадо, а притоа голем дел од чоколадото да ви остане на прстите, и тоа не на оној добар начин…
И ако во одреден момент не сте се откажале и не сте одлучиле за да го одгризете парчето со заби, веројатно и не ја говорите вистината.
Дали тоа значи дека “триаголнестото чоколадо”, коешто едноставно го обожува целиот свет, е дизајнирано на крајно лош начин? Секако дека не, но она што е сигурно е дека вие дефинитивно го јадете на сосема погрешен начин, пренесува Independent.
Всушност, Тоблероне има апсолутно добра причина за да биде дизајнирано токму на начинот којшто на сите нас ни е добро познато.
Корисничката на YouTube мрежата Kaitlin Moore ќе ви покаже кој е правилниот начин за следниот пат со леснотија да скршите парче тоблероне без притоа воопшто да се изнервирате.