Ако страдате од несоница, можеби ќе ве заинтригира новиот трик што го води ТикТок. Звучи неочекувано, но се повеќе луѓе тврдат дека пиењето чај од зелена салата им помага да заспијат.
Сè што треба да направите е да зовриете неколку лисја зелена салата во вода и потоа да ја испиете исцедената течност. Треба да се чувствувате уморни во следните дваесет минути. Иако звучи прилично неверојатно, се чини дека овој пијалок навистина може да биде ефикасен. Имено, зелената салата содржи високо ниво на лактукарија, што докажано поттикнува релаксација и поспаност. Затоа маслото од семе од зелена салата долго време се користи како природен лек кој може да помогне при несоница.
@shapla_11if you can’t sleep, try this #lettucewater #insomnia #lifehacks #fyp