Категории

Chanel ја претстави новата couture колекција во Париз

Модната куќа Chanel денес во Париз претстави уште една бајковита колекција од couture модата, а спектакуларната ревија ја затвори моментално омилената муза, младата Лили Роуз Деп во романтична тоалета во бледо розова боја.
Младата ќерка на актерот Џони Деп веќе втора година со ред настапува на шоуто на Chanel и е една од главните амбасадорки на брендот.
На пистата и се придружија и бројни други славни имиња помеѓу кои: Кендал Џенер, Бела Хадид, Линзи Виксон и бројни други. Во прекрасната колекција доминираа впечатливите светки, раскошните перка и се она што го прави овој бренд легендарен и е неповторлив.

Прегледи:
516
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
24.01.2017