Категории

Chanel со спектакуларна ревија во новата концертна сала во Хамбург

Француската модна куќа Chanel, својата најнова pre-fall колекција за 2018 како и секогаш ја претстави на спектакуларен начин. Ревијата се одржа во концертната сала “Elbphilharmonie” која беше отворена во јануари оваа година.

Инспирирана од германската култура во ’60-тите, новата колекција изобилува со класични и елегантни креации во кои спаѓаат парчиња од твид, мини здолништа, фустани од тул и сатен финиширани со ракавици над лактите, гламурозни перја и детали, плетени блузи и такви во морнарски стил со пругаст дезен. Како главен аксесоар беа претставени шешири со качкет.

“Овде пристигнав поради оваа зграда, навистина ме инспирира и направи Хамбург да е новиот град на културата. Тука секојдневно се одржуваат бројни концерти чии карти се распродаваат веднаш”, изјави дизајнерот Карл Лагррфилд.

На крајот од ревијата дизајнерот облечен во Dior Homme јакна прошета на пистата со својот внук Хадсон и ги поздрави своите музи Кристен Стујарт, Кара Делевин и Лили Роуз Деп.

Прегледи:
772
Ознаки:
· ·
Објавено на:
07.12.2017