Категории

Чарлс Буковски: Како си го уништуваме животот?

„Луѓето едноставно се празнат. Стануваат тело во кое се наоѓа преплашен и послушен ум. Гласот станува рапав и грд. И телото. И косата“ –  напишал познатиот писател.

Пред да стане еден од најпознатите американски писатели, Чарлс Буковски бил само уште еден изгубен човек кој имал проблеми со алкохолот и голема желба преку пишувањето да извлече поуки од малите секојдневни животни ситуации.

Буковски работел како поштар, а пред тоа бил вработен во фабрика за преработка на краставици. Така работел до својата 49-та година, а потоа издавачот Џон Мартин му понудил 100 долари месечно сè до неговата смрт.

Буковски напишал: „Имам два избора, да останам во поштата и да полудам или да си играм писател и да умрам од глад. Одлучив да гладувам“.

По таа одлука објавил 6 романи и 17 години подоцна му напишал писмо на Мартин.

Еве што тој напишал:

„Здраво Џон,

Ти благодарам за доброто писмо. Не е лошо понекогаш да се потсетам како сè започна. Знаеш од каде дојдов, а режисерите за тоа се обидуваат да направат филмови, но неуспешно ја доловуваат приказната. Ја нарекуваат работа од 9 до 5.

Но никогаш не е од 9 до 5. Нема бесплатни паузи за ручек на таквите места. Таму дури и избегнуваш земање на паузи само за да ја здржиш работата. Таму работиш и прекувремено.

Ја знаеш мојата стара изрека: Ропството не е искоренето, туку само се проширило и на другите раси.

Она што најмногу боли е постепеното опаѓање на човечноста кај оние кои се обидуваат да ја задржат работата која не ја сакаат, бидејќи се плашат дека другите алтернативи се далеку полоши. Така луѓето едноставно се празнат. Очите ја губат бојата. Гласот станува грд. И телото. И косата. И ноктите… Чевлите. Сè станува грдо.

Додека бев млад немав можност да верувам дека луѓето можат да живеат под такви околности. Како старец, сè уште не верувам. Зошто го прават тоа? За секс? За телевизија? За автомобилите кои ги исплаќаат во месечни рати? За децата? Децата кои ќе ја работат истата работа?

Кога бев помлад бев наивен се обидов да разговарам со работниците:

Еј, шефот во секој момент може да влезе и да не отпушти. Само така. Нели ви е јасно тоа?

Сите гледаа во мене. Им кажував нешто што не сакаат да го слушнат и за кое не сакаат да разговараат. Во денешната индустрија постојат масовни отпуштања. Стотици ги губат работните места и нивните лица се чудат. Си велат: „Дадов 35 години од животот за оваа работа. Не е во ред. Не знам што да правам…“.

Робовите никогаш не се платени доволно за да добијат слобода. Добиваат толку колку им е доволно за да останат во живот и да се вратат на работа. Јас тоа го забележував, зошто не и другите? Клупата во паркот и пиењето во баровите ми се чинеа како подеднакво добри. Зошто да не бидам таму пред тие да ме пратат? Зошто да чекам?

Со гадење пишував против сето тоа. Беше лесно сето тоа да се ослободи од мене. И сега кога сум тука, кога сум таканаречен професионален писател, откако потрошив 50 години од животот, открив дека постојат и други типови на гадење.

Се сеќавам додека работев во фабриката, еден колега ми рече: „Никогаш нема да бидам на слобода“.

Еден од шефовите во тој момент поминуваше покрај нас и само се насмевна, уживајќи во фактот дека неговиот колега е заробен до крајот на животот.

Имав среќа да го напуштам тоа место.

А кога зборовите ќе започнат да се губат и кога други ќе мораат да ми помогнат да станам и да се качам по скалите и кога повеќе нема да бидам во состојба да разликувам птица од спојувалка и понатаму ќе има нешто во мене што ќе го памети чувството на кој начин поминав низ убиството, нередот и маките.

Тоа што не сте го погледнале животот во целост ми се чини како врвно достигнување. Барем што е до мене.“

Дали Буковски ја прикажува реалноста? Дали е во право?

Прегледи:
773
Објавено на:
04.03.2020