Конкуренцијата за работа во Кина е голема, па затоа и не е толку лесно да се најде работа во моментов.
Откако дипломирал во бизнис насока, човек по име Дејвид долго време барал работа, но безуспешно.
Имало премногу кандидати за секоја позиција, а и платите не биле нешто големи.
Дејвид слушнал за ChatGpt, го истражил чет-ботот и му дошло идеја.
Во Кина бил просперитетен бизнисот за пишување есеи, па Дејвид со помош на чет-ботот напишал есеј за потребите на еден студент и брзо ја добил својата прва работа.