Категории

Чека бебето да заспие, а потоа го маскира во најсмешни костими!

Нема ништо послатко од бебиња кои спијат. И не само затоа што се неодоливи, туку затоа што тогаш не плачат и не прават ништо стресно.

Фотографката Лаура Изумикава се чувствувала исто во врска со својата сега веќе четири месечна ќеркичка Џои Мари Чои.

“Поминував часови само зјапајќи во нејзиното лице, затоа што бев презаљубена. А, затоа што Џои спиеше во толку длабок сон, помислив дека можам да направам нешто интересно и да им пратам смешни фотки на другите родители. Тоа го направив за да го овековечам нејзиното растење”, изјави фотографката за “Huffington Post”.

Но, фотографиите набрзо станаа хит на Инстаграм, а костимите кои ги користи Лаура се достојни за големите холивудски студија.

q2

Таа вели дека добила многу позитивни реакции и пораки од родителите на кои им се допаднале фотографиите.

“Се надевам дека овие фотографии ќе ги насмеат луѓето и ќе ги потсетат родителите дека треба да се забавуваат со своите деца, наместо да бидат вовлечени во сериозноста на родителството”, заклучува Лаура.

q3

q4

q5

q6

q7

q8

q9

q11

q12

q13

q14

Прегледи:
445
Објавено на:
26.08.2016