Категории

Иделен летен изглед: Дневната makeup рутина на Хејли Бибер

Секојдневната шминка на Хејли Бибер не е особено комплицирана, но со нејзина помош успева да постигне беспрекорен изглед. Еве за што се работи.

Хејли Бибер веќе некое време важи за ѕвезда со беспрекорен тен, а многумина и завидуваат поради тоа. Исто така, многумина ги интересира како оваа манекенка се грижи за своето лице, но и како се шминка секојдневно. Решивме да направиме мало истражување на оваа тема, а еве што дознавме.

Подготовка на кожата
Тајната за совршен тен, според Хејли, е правилната рутина за нега на кожата, пред да се нашминкате. Таа прво го чисти лицето, а потоа нанесува хидратантен тонер. Откако кожата ја апсорбира, Хејли користи серуми базирани на витамин Ц и хијалуронска киселина. И на крај, пред да се нашминка, манекенката мора да нанесе крема со заштитен фактор.

Веѓи
Хејли се труди секојдневното одржување на веѓите да го направи што е можно поедноставно. Затоа на нив нанесува гел и малку ги четка.

Руменило
Манекенката обожава руменила, а омилени и се бебешките розови нијанси кои и даваат на кожата свеж и младешки изглед.

Усни
Последниот чекор во рутината за убавина на овој модел се усните. Хејли користи хидратантни балсами, како и масла, заедно со задолжителниот лагер за усни во понеутрални бои.