Категории

Червар: Добар ден Франција!

Новиот селектор на сениорската репрезентација Лино Червар имаше успешно деби пред македонската публика, а по завршувањето на мечот не го криеше своето задоволство од прикажаната игра на домашните ракометари како и од атмосферата во салата.

Лино Червар : – „ Сите честитки одат за играчите ова беше нивен натпревар, голема е победата и сите заслуги им припаѓаат ним. Кога се добиваа признанија пред почеток на натпреварот, емоциите навираат, во тие моменти запаметив една реченица на Мојсоски- „Растевме заедно“… Ова денес беше ракометен спектакл на кој покажавме дека играме добар ракомет и дека сме спорт што трае. Сакам да се заблагодарам на публиката бидејќи на крајот тие се најважни. “ – истакна Червар

Червар потенцираше дека е задоволен од залаѓањето и беспоштедната игра на своите ракометари.

Лино Червар: – „ Ракометарите вечерва покажаа јуначко срце. Ова дава надеж дека постои подобро утре. Оние кои беа во Борис Трајковски уживаа во ова што им го приредија ракометарите. Таква игра треба да им се наметне и на младите играчи бидејќи само така може да се стремиме кон успех.“ – изјави Червар

 На крајот во свој стил, селекторот го изрази своето задоволство од пласманот на СП и најави:

-„ Добар ден Франција! “

Прегледи:
481
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
15.06.2016