Категории

Четири титули за македонските убавици на избор за убавина во Дубаи

Минатиов викенд во Дубаи, Обединети Арапски Емирати се одржаа изборите за Little Мiss & Miss Teen Planet 2021 и Little Miss & Miss Teen galaxy 2021.
На двата избори Македонија ја претставуваа 4 девојки и сите 4 освоија титули во своите возрасни категории.
Миа Нецова, Ангела Атанасовска и Симона Петровска ги освоија вторите места, односно титули Прва придружничка во конкуренција на тинејџерки, а малата 4 и пол годишна Миа Петровиќ е победничка, односно LITTLE MISS PLANET 2021 !
Сите девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овие детски и тинејџерски интернационални избори за убавина кои оваа година во организација на Planet Intersound агенцијата од Софија, Бугарија, се одржаа во Дубаи, во хотелот Dusit Thani Dubai.
„Трите тинејџерки на изборите носеа креации од Елена Лука, Студио Краљевски и Атеље Жана, а малата Миа од Елена Лука и од Little Princess Macedonia. Тие поминаа прекрасни 10 дена во Дубаи, кои сигурно долго ќе ги паметат, а на секое место и во секое време достојно се претставуваа самите себе си, Модното студио Црнокрак и секако својата држава„ вели Мики Црнокрак кој се уште е во Дубаи.
Нашите девојки учествуваа и на Europe Кids & Тeen Fashion Week кој исто така се одржа во Дубаи во исто време.

 

Прегледи:
507
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
02.06.2021