Категории

Чевли со потписот на Кери Бредшо – Дамите ќе се заљубат на прв поглед

Замислете си дека се шетате во Њујорк и влегувате во еден бутик за чевли, а таму ве пречекува самата Сара Џесика Паркер..

Баш тоа им се случува редовно на посетителите на продавницата SJP, која е во сопственост на познатата актерка и е отворена уште од 2018 година, на истото место каде што своите чевли ги продаваше легендарниот Маноло Бланик.
Врската помеѓу него и актерката им е добро позната на сите обожаватели на серијата „Сексот и градот“ затоа што баш неговите чевли беа составен дел од плакарот на Кери Бредшо.

Сара се вклучи во модниот бизнис уште во 2014 година кога ја претстави својата прва колекција на чевли инспирирана од моделите кои ги носеше Кери.

„Нејзината љубов спрема чевлите значеше дека јас морав да носат стотици чевли,а колку повеќе чевли носев толку поголема стануваше и мојата љубов спрема нив. Понекогаш во модата не е ништо толку важно колку нив..“, раскажува Сара.

Откако ја отвори својата продавница, славната актерка редовно може да се види како им помага на купувачите во одбирањето и пробувањето на чевли, а какви прекрасни модели можат да се најдат во нејзината колегија, ви споделуваме подолу.

Прегледи:
716
Објавено на:
23.09.2020