Категории

Чиа пудинг за лесен почеток на денот

Почнувајќи го утрото со ваков оброк, нашето тело може да го толкува тоа само како благослов. Нема ништо лошо во свежото вкусно овошје и млеко. Во последно време семето чиа стана популарно ,но најдобрар е чиа пудингот за кој ви оставаме рецепт подолу.

Состојки: кокосово (или кравјо) млеко, овесна каша, чиа семе, една банана, капини, мед (или некој друг засладувач)

* количината на млеко е произволна, ако се случи мешавината да биде премногу тенка , само додадете повеќе семе од чиа за да ја апсорбира вишокот течност


Подготовка:

Бел дел: ставете млеко, лажица овесна каша, лажица семе од чиа, лажица мед и банана во мешалка . Мешајте сè додека бананата не создаде кремаста текстура. Наполнете ги чашите до половина со добиената маса и оставете ги во фрижидер 30-40 минути.

Црвен дел: ставете млеко, лажица семе од чиа, лажица овесна каша, лажица мед и капини / малини / цреши или мешавина од овие три плодови во мешалка . Промешајте сè и прелијте го со претходно затегнатиот бел дел. Оставете го пудингот во фрижидер преку ноќ. Подготвено е за консумирање следното утро.

 

Прегледи:
804
Ознаки:
·
Објавено на:
15.10.2020