Категории

Чизми кои оваа сезона се најголем тренд

Оваа сезона трендовите кај чизмите варираат од модел до материјал. Кратките чизми доминираат како и секоја есен/зима, кадифените чизми направија моден камбек и моментално се еден од најжешките трендови а помеѓу нив и лакованите кои втора сезона се наоѓаат на листата на нај актуелни модели. Оваа сезона поворно ги носиме и чизмите над колена. Кожата и велурот се повторно ин, а исто така металик нијансите кои се особено популарни во гардеробата сега ги обожаваме и кај чизмите. Втора сезона со ред најголем тренд се чизмите на дебела штикла и шпицест врв.

Ова се најмодерните модели на чизми за оваа година. Погледнете.

Прегледи:
348
Објавено на:
29.12.2016