Категории

Чизми над колена – како да ги носите

Модните блогерки најдобро ги знаат тајните и правилата, а ние ги споделуваме со вас.
Удобниот и топол џемпер-фустан е совршен за есенските денови, а освен тоа познато е дека ovеrsizеd обликот совршено ги балансира пропорциите така што вашите нозе во овие чизми ќе изгледаат неверојатно долги.
Од друга страна може да испробате малку мажествен изглед така што можете да ги носите со тесни фармерки и ovеrsizеd блејзер.
Ако сакате да посегнете по удобен и шик аутфит тогаш класичен пар фармерки, опуштена маица и џемпер е совршениот избор. А доколку сакате да изгледате како една од овие трендсетерки тогаш комбинирајте ги со кратко здолниште и долг капут баш како модната икона Оливиа Палермо..
За повеќе инспирација погледнете ја галеријата.

Прегледи:
424
Објавено на:
03.11.2016