Категории

Чоколаден фондан (РЕЦЕПТ)

Чоколадниот фонтан е навистина уникатен десерт. По сечењето, од него се растекува вкусна, чоколадна маса.

Состојки:

  • 50 гр. мек путер
  • 100 гр. темно чоколадо
  • 4 лажици шеќер
  • 2 јајца
  • малку сол
  • 1 лажица брашно

 

Чоколадниот фонтан е десерт кој сигурно ќе ги израдува вашите најблиски. Иако е многу елегантен колач, не бара многу подготовка или скапи состојки – во овој случај неговата едноставност лежи во неговата сила. Највкусен кога е попрскан со шеќер во прав и сервиран со свежи малини.

 

Како да направите совршен чоколаден фонтан?

 

Намачкајте го калапот со путер и посипете го со брашно. Загрејте ја рерната на 200 степени. Стопете го путерот на пареа. Додадете го исецканото чоколадо и измешајте. Изматете ги јајцата, додадете шеќер и сол и промешајте додека убаво не се соедини. Додадете го брашното, па растопената чоколада и повторно промешајте. Истурете ја масата во калапот и ставете да се пече. Печете 8 минути.

 

Извадете од рерната и оставете да отстои 2 минути. Ставете го на чинија за сервирање и посипете со шеќер во прав. Пријатно!

Прегледи:
622
Ознаки:
·
Објавено на:
05.01.2020