Категории

Чоколадна торта со јагоди

Иако можеби не е најдобро време пред летните одмори да се честиме со чоколадна торта сепак искористете ги јагодите и изненадете ги своите најблиски со прекрасна чоколадна торта со јагоди.

Состојки:

За тестото:

  • 8 јајца
  • 265 грама шеќер
  • 265 грама брашно
  • 265 грама путер
  • 100 грама какао
  • 100 милилитри млеко
  • 2 лажици прашак за пециво
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • За сирупот:
  • 200 грама јагоди
  • 100 грама шеќер
  • 200 милилитри вода

За филот:

  • 200 грама чоколадо
  • 400 милилитри шлаг
  • 50 грама шеќер во прав
  • За декорација:
  • Чоколадни трошки
  • Јагоди
  • Какао

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Одберете две идентични округли тавчиња, намачкајте ги со путер и наросете ги со брашно.

Матете го путерот со шеќерот се додека добро не се соединат. Потоа додадете ги жолчките, млекото, какаото, ванилиниот шеќер и повторно се убаво измешајте.

Во друг сад изматете ги белките додека да добиете густа бела пена, а потоа додадете ги во подготвената смеса.

Смесата ставете ја во претходно загреана рерна и печете 25 до 30 минути, а потоа оставете го пандишпанот да се излади.

За сирупот:

Ставете ги јагодите, шеќерот и водата во сад на слаб оган да се крчкаат 10 минути, а потоа подготвениот сируп оставете го да се излади.

За филот:

Стопете го чоколадото и помешајте го со претходно изматениот шлаг. Додадете го преостанатиот шеќер во прав.

Кога состојките се готови почнете со филување на тортата. На декоративна чинија ставете го едното парче тестото и прелијте го со сирупот, потоа премачкајте го со филот од чоколадо.

Поклопете го со второто тесто и на врвот додадете го останатиот сируп.

Премачкајте ја тортата со шлагот и посипете ја со трошки од чоколадо. Украсете ја со јагоди.

Оставете ја тортата да се олади. Колку подолго стои, толку поубаво ќе го прими сирупот и подолго ќе остане мека и сочна.

Прегледи:
3040
Објавено на:
27.05.2016