Каменот замалку не го убил, но потоа открил дека тој вреди милион евра.
Она кое нема да те убие, ќе те збогати! – Ова е поговорката според која се води еден човек од Индонезија, по име Џошуа.
Овој човек е среќен, пред се поради тоа што избегнал смрт во сопствениот дом. На неговиот дом паднал врел камен тежок повеќе од два килограми.
Освен тоа, среќата е уште поголема земајќи го во обзир фактот дека скоро на главата му паднал метеорит стар повеќе од четири милиони години. Ова воедно е и еден од најзначаните најдени метеорити некогаш на земјата.
Тој го продал за околу 1,5 милиони евра и како што изјави, дел од тие пари ќе ги искористи за да изгради црква во своето село.
Сопругата и тој како што тврди, сакале уште една ќерка покрај трите деца кои веќе ги имаат, а ова му било знак дека треба да поработат на тоа.
A humble carpenter from Indonesia recently became an instant millionaire after selling a meteorite that fell on his home.
He received roughly RM7.6 million, equivalent to 30 years' worth of his usual salary.https://t.co/juEQ7SaPAp
— Latest on SAYS (@saysdotcom) November 18, 2020