Категории

Christian Dior приреди вистинско волшебство

Магичен лавиринт како пресликан од некоја чудесна бајка, тоа совршено би ја опишала новата колекција haute couture на Christian Dior под креативната палка на Maria Grazia Chiuri.
„Кога сакате да направите нешто елаборирано, никогаш не знаете дали ќе можете да успеете да се пронајдете или успат потполно ќе се изгубите. Баш поради тоа како сценографија избравме лавиринт.“ – објасни креативната дизајнерка на прендокт, која како инспирација одбра магични кулиси кои присутните гости ги оставија без здив. Но подеднакво воодушевување предизвика и couture колекцијата во која доминираа суптилни, нежни и женствени тоалети. Дизајнерката изјави дека секогаш како инспирација ја користи моќта на жената. Таа додаде дека е една од најголемите поддржувачи на феминизмот и тој е секогаш нејзино светло кон патот до успехот.

Прегледи:
198
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
24.01.2017