Категории

Чудо: Еден од тројцата преживеани играчи на Чапекоенсе стана на нозе и им испрати емотивна порака на фановите (Видео)

Алан Рушел е еден од тројцата фудбалери кои го преживеаја фаталниот лет од Боливија до Меделин во кој животот го загубија најголем дел од играчите и стручниот штаб на Чапекоенсе, но една недела по немилиот настан кој ја потресе комплетната спортска јавност, оваа вечер пристигна навистина убава вест кога е во прашање дефанзивецот на бразилскиот тим.

Рушел изведе големо чудо во рок од само осум дена и смогна сили да застане на нозе, оставајќи ги зад себе црните прогнози по големата несреќа дека ќе остане инвалид до крајот на животот. Рушел не ги чувствувал долните екстремитети два дена по кобниот пад на авионот, но вечерва со видео до сите фудбалски фанови долови дека се чувствува многу подобро и дека за многу кратко ќе ја продолжи рехабилитацијата во родниот Бразил.

– Здраво до сите мои пријатели од Бразил и од целиот свет кои беа загрижени за мене. Тука е Алан Рушел, сакам да кажам дека се опоравувам многу добро и набрзо ќе бидам во Бразил каде ќе ја комплетирам рехабилитацијата. Сакам да ви се заблагодарам на сите за силата која ми ја дадовте и љубовта која ја покажавте. Можам само да му се заблагодарам на цел свет, – гласи емотивната порака која ја испрати Рушел.

Прегледи:
446
Објавено на:
08.12.2016