Око, односно видот е најважното човечко сетило затоа што со него примаме 90 отсто од информации од околината.
Колку нашите очи сами по себе се „чудо“ открива и одговорот на прашањето од каде ни е розовиот „влажен“ дел во аголот од окото. Кога зборува за градбата на окото сите знаеме за поимите стаклено тело, леќа, рожница, зеница, ирис, белка, оптички нерв, мрежница.
Меѓутоа, знаете ли кој е тој дел од окото, односно очната шуплина со латински назив plica semilunaris?
Станува збор за розов “влажен“ дел во внатрешниот агол од окото чие потекло е доста интересно.
Тој агол всушност е остаток од внатрешниот, односно третиот капак, кој го имаат птиците и рептилите, а луѓето во текот на еволуцијата го изгубиле.
Извор : Македонија денес