Категории

Чувајте го она што ви значи – Запомнете дека се може да исчезне во еден миг

Многу пати во животот ќе изгубиме нешто што сакаме. Ќе останеме со празни раце иако сме дале се од себе. Ќе изгубиме нешто што толку многу го сакавме и многу ни значело. И после тоа ќе има многу денови на тага и болка. Ќе има денови кога нема да ни е до ништо, ни до себе ни до другите. И тогаш ќе земаме „сè по ред“, ќе се согласувиме со она што не го заслужуваме, само да ги пополниме тие празни дупки што се создадоа поради таа празнина во нас.

Но и такви денови ќе поминат и повторно ќе живееме од нула. Научете дека сè што имаме може да исчезне за еден момент. И дека ништо што мислиме дека ни припаѓа, ќе биде наше засекогаш. Луѓето си заминуваат, работите се распаѓаат, годините ги оставаат своите, а животот продолжува. Но, ние сме оставени сами на себе. Нам ни останува сознанието дека животот допрва треба да се живее. Во целост, не половина, колку и да звучи чудно. И колку и да боли, болката ќе помине еден ден. Или барем ќе се намали. И повторно го сакаме животот што го живееме.

Прегледи:
612
Објавено на:
01.01.2022