Категории

Чувајте се од љубомората на овие три хороскопски знаци

Љубомората е чувство кое доаѓа заедно со љубовта, но исто како што може да ја уништи врската, така и не е добро ако воопшто не постои.

Овие 3 хороскопски знаци се најлоши кога станува збор за љубомората…

На скорпијата ѝ се гледа на лицето

Скорпиите се најљубоморниот хороскопски знак. Тие не се воопшто тактични кога искажуваат љубомора, не одбираат зборови и можат да се чувствуваат како партнерот да ги изневерил поради работи на кои другите не би реагирале. Тешко отворено ќе ја признаат љубомората, но таа јасно се гледа на нивните лица.

Овенот прави сцени

Припадниците на овој хороскопски знак имаат проблем со довербата, па поради тоа внимателно ги следат потезите на својот партнер и ги анализираат. На појавата на сомнеж реагираат импулсивно и моментално, без оглед на тоа каде се и пред кого се наоѓаат. Од нив можете да очекувате секаква реакција – од фрлање чинии до гаѓање со прстен.

Лавот е посесивен

Припадниците на овој знак се прилично склони кон љубомора, но таа не е толку груба како кај другите знаци и често изгледа само како потврда на љубовта и нивниот интерес. Најчесто се љубоморни поради повредена гордост, преголеми очекувања од партнерот или од страв дека тој не ги сака доволно.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
470
Објавено на:
11.03.2017