Категории

Да, имам брчки, тие кријат приказни…

Се погледнав во огледало и открив дека имам многу брчки околу очите, устата, на челото.

Имам брчки бидејќи сум имала пријатели, со кои се смеевме, толку многу… до солзи.
И ја запознав љубовта која ме натера да замижам. Имам брчки кои ги создава љубовта.
Имам брчки бидејќи имам деца, бидејќи бев загрижена за нив од самото зачнување, бидејќи се смеев на секое ново откритие и проведував неспиени ноќи.
И потоа плачев.
Плачев за луѓето кои ги сакав и си отидоа, на кратко или засекогаш или без да знаат зошто. Имам брчки кои ги создаде болката.
Видов убави, нови места кои ме натераа да се восхитувам, и видов стари, драги места кои ме натераа да тагувам.
Секоја брчка на моето лице, на моето тело, крие моја приказна, емоција која ја проживеав и ако го избришам ова, ќе се избришам себе.
Секоја брчка е дел од мојот живот, отчукување на моето срце, тоа е фото албум на моите сеќавања…
Прегледи:
543
Објавено на:
27.10.2021