Категории

Да се има его не значи да се биде егоист

Време е да се запознае разликата помеѓу здравиот однос спрема себеси и егоизмот, и да, љубовта спрема себеси не е исто како и егоизмот. Време е да сфатиме како се што правиме, на некој начин го правиме од себични причини.

Луѓето често љубовта спрема себеси ја заменуваат со егоизам мислејќи дека при тоа да се сакаш себеси значи дека си егоистична особа, што е голема грешка.

Која е разликата помеѓу љубовта спрема себеси (здравиот однос спрема себеси) и егоизмот:

Егоист
Дефиниција: псих. оној кој своите интереси ги става над се друго, кој работи во своја корист на штета на другиот: егоист, себичен

Со друго име егоистот е себичен а еве што значи тоа.

Себичен
Дефиниција: кој мисли само на себе, кој се грижи само за својата корист: егоистичен

На основа на егоистите и себичните личности, треба да го земеме во обзир и кое е вистинското значење на егото.

Его
Спрема речникот дефиницијата е следна:
псих. во психоаналитичка смисла степенот на структура на личноста која влегува во однос со реалноста, создава рамнотежа помеѓу нагонски (ид) и морално-етички (супер-его) вредности на човекот; спознаен и перцептивен слој на свеста (помнењето, одлучувањето и др.)

Целосна особа како личност,свесна за своето постоење која се потврдува во својата единственост спрема луѓето, околината и објективите (неговиот его е повреден); личност, особност, персоналитет, самосвест.

Да се има его не значи да се биде егоист

Егоистичната личност во своја корист прави штета на другиот и мисли само на себе, што на долгорочен план донесува многу страдање.

Но личноста која негува љубов спрема себеси и има здрав однос со себе е личност која има его но не е егоистична. Кога се сакаме себеси, тогаш значи дека се прифаќаме и почитуваме себе, водиме грижа за своето физичко, психичко и духовно здравје и правиме добро за себеси. Тогаш сме во рамнотежа и на тој начин имаме чувство на должност да помагаме и да водиме грижа за другите луѓе, цело време имајќи го своето его и притоа да не сме егоистични.

Прегледи:
3386
Објавено на:
19.06.2020