Категории

Да се собереме пред да нѐ соберат: Вечерва ќе се одржи 19. издание „Златна бубамара на популарноста“

Најочекуваната и најпосакуваната манифестација во нашата лепена, сечена и демонтирана република го објави овогодишниот постер на кој се наоѓаат  дел од лицата кои ќе пропеат и на бината во Метро ПОЛИС арената, соопштија од радио „Бубамара“. Овогодишното мото на манифестацијата е Да се собереме, пред да нè соберат“. Ограничениот број билети за оваа година се продадоа за рекордни 4 минути преку сервисот на МК Тикетс, а останатиот број билети ќе бидат распоредени за значајни гости, бизнисмени и луѓе од јавниот живот и културата во Македонија и на Балканот.

Како што е познато, наградата за трајни вредности годинава ќе оди во рацете на нашиот познат актер и шоумен, ТВ водител, музичар, писател и текстописец, Игор Џамбазов, а легендите на македонската народна музика, дуетот Селимова – Желчески, се добитници за наградата за животно дело.

Сите оние кои што успеаја експресно да си набават влезница, ќе уживаат на манифестацијата закажана за в четврток, 18 февруари, во арената „Метрополис“ со почеток од 20 часот. За жал, ни овој пат нема да има директен пренос на телевизија, така што одложена снимка од настанот ќе се емитува в недела (21 февруари), на „Канал 5“, со почеток од 20 часот.