Категории

Дали би го пробале овој сладолед?

Сладоледот е омилената храна во летните месеци, но не и најдобар избор за одржување на линија. Постојат најразлични видови на сладолед, од оние кои се права калориска бомба до оние кои можат да се вклопат и во диеталното мени. Токму таков е сладоледот од краставица и лимон.

Овој сладолед не звучи примамливо и многумина го избегнуваат токму поради главната состојка – краставицата. Но, всушност оваа необична комбинација дава неверојатна свежина и вкус.

Доколку сакате ледени сладоледи, секако ќе сакате да го вкусите и овој сладолед од краставица и лимон.

Состојки:

  • 1 краставица
  • сок од 2 лимони
  • 2 чаши вода
  • шеќер/мед/стевиа
  • лист од нане

Приготвување:

Сите состојки освен нането ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете смеса. Потоа пробајте ја смесата за да проверите дали е доволно блага. По потреба додадете засладувач или вода. Смесата претурете ја во пластичен сад или чаша, прекријте ја со прозирна фолија, а на средина ставете дрвено стапче. Оставете ја во замрзнувачот околу 4 часа и уживајте во овој необичен сладолед!

Прегледи:
543
Објавено на:
07.08.2017