Категории

Дали би сте се осмелиле да се искачите? – Највисокиот хотел во Европа се наоѓа на 3,212 метри надморска висина

(ВИДЕО) “Glacier Hotel Grawand” е највисокиот хотел во Европа, изграден е на 3,212 метри надморска висина, и е сместен на врвот на планината во јужна Тирола, провинцијата Болцано на северот на Италија.

Мазо Корто е називот на селото во областа Болцано во која се наоѓа овој хотел. Интересен е фактот дека за да стигнете до него морате да се искачувате а единственото превозно сретство до таму е жичара која пренесува патници.

Сепак подгответе се за можни последици. Како што се зголемува висината, така се намалува и атмосферскиот притисок и протокот на кислород. Поради тоа може да се случи да почувствувате симптоми како што се: главоболка, умор, вртоглавица и отежнато дишење. Важно е да знаете дека сето тоа е нормално и нема потреба за паника.

После неколку часови одмор на ова прекрасно место, симптомите набрзо ќе исчезнат. На високата надморска висина се создават повеќе црвени крвни зрна и повеќе кислород поминува низ телото и на овие промени телото реагира многу брзо.

Ова е одлична дестинација за сите авантуристи, љубители на зимски спортови и одмор во природа на чист воздух.