Категории

Дали е навистина тешко да се сака добриот маж?

Тешко е да се сака добриот маж. Тој не е само добар човек – тој не прави убави нешта само за да докаже нешто. Едноставно љубезноста е дел од неговиот ген и неговиот морален код, склоп од вредности и приоритети кои ги цени и секогаш ќе постапува во склад со своите лични стандарди. Добриот маж го прави она што за него е добро.

Тој никогаш нема да те лаже како би ве поштедил од лошите чувства, тој всушност ќе направи многу нешта кои ќе те налутат и ќе те погодат. Но најверојатно е дека не ќе можеш да се налутиш на него, затоа што е добар човек.
Добриот човек е тој кој ќе се поздрави со својата поранешна девојка кога е заедно со тебе, затоа што тој нема што да крие. Тој се чувствува должен да помогне секогаш дури и тогаш кога неговите постапки за другите се чинат непотребни.
Добриот човек ќе ги стави желбите на своите пријатели и најблиски пред сопствените потреби, дури и кога знае дека тие се однесуваат манипулативно и себично, затоа што добриот човек е секогаш верен.

Онаа жена која го поминува времето со таков добар маж, никогаш нема да се грижи, затоа што кој може да му се налути на таков добар маж? Секоја жена знае дека во денешниот свет односите и не-односите, и вистинската комуникација се реткост и дар од бога.
Да се биде во врска со добар маж е тешко, но од друга страна во овој свет на лаги, неверства, фраерства, да се пронајде и да се задржи таков добар маж е вистинска среќа. Тој се грижи за семејството, тој се грижи за жената која го освоила, тој е нежен, и секогаш има утешни зборови, секогаш се грижи на сите да им е добро, затоа што знае дека благодарноста за малите нешта претставува отворен пат кој води до големи работи за кои ќе биде уште по благодарен.
Добриот човек ќе те промени, а ти со него ќе уживаш. Со часови ќе разговарате за различни теми, а во тие моменти ќе забележиш дека тој не поминува време со тебе поради било која друга причина освен таа дека вистински го интересираш ти и твоето размислување.

И тој маж секогаш ќе биде над другите, сите претходни и следни затоа што нема никогаш да успееш да се налутиш на него, нема никогаш да можеш да го мразиш.
Но можеби не е тајната во неговата добрина, туку во тебе, затоа што порано не си налетала на таков нереално добар маж. Вистина е дека пронаоѓањето на таков маж е тешко, но она што е потешко е да се биде во врска со таков маж, а неговата загуба е уште потешка.

Прегледи:
428
Објавено на:
26.10.2019