Категории

„Дали Исус ќе ме пушти во Рајот?“ – Мудра приказна

Еден човек сонувал дека умрел кога најмалку очекувал. Пред него во редот стоеле многу луѓе чекајќи го својот ред дали ќе бидат пуштени да влезат во Рајот..

Еден човек сонувал дека умрел кога најмалку очекувал. Пред него во редот стоеле многу луѓе, големи и мали. Чекајќи го нивниот ред за да можат да видат што се случувало со поединците пред нив..

Исус ги повикувал еден по еден, па рекол: „Стои напишано: „Бев гладен и ти ми даде да јадам. Дојди во Кралството на Таткото мој.““ Па тој влегол. На другиот му рекол: „Бев жеден и ми даде да се напија. Дојди во Кралството на Таткото мој.“ И тој влегол:
На ред дошло осумгодишно дете а Исус му рекол: „Никој не сакаше да си игра со мене а ти ме повика да си играм со тебе. Дојди во моето небо.“ И детето влегло.

Дошло десетгодишно девојче а Исус и рекол: „Сите ме исмеваа, а ти ме бранеше. Дојди во моето небо.“

Слушајќи го сето тоа човекот ја преиспитувал својата совест и многу се уплашил. Помислил: „Никому не му дадов нити да јаде нити да пие, не сум посетил нити некој болен, нити сум одбранил некој слаб. Ах, како ли ќе застанам пред Исус?“

Кога пристигнал на ред, Исус го кренал погледот и благо го одмерил: „Се чини дека ти не си направил многу. Но сепак си направил.. Бев тажен, разочаран, измачен, а ти дојде и ми раскажуваше смешки. Ме насмевна и охрабри. Дојди и ти во моето небо.“

Човекот радосно скокнал и се сетил дека често ги развеселувал другите, но никогаш не на потсмевлив и понижувачки начин.

Се разбудил среќен, и донесол одлука: „Секој ден ќе го развеселувам Исус во некој кој ќе биде тажен.“

Прегледи:
460
Објавено на:
30.04.2020