Категории

Дали консумирањето алкохолни пијалаци навистина штити од корона вирусот?

Многумина ракијата ја користат како лек – дали навистина помага?

Во овие денови на пандемија, имавме прилика да слушнеме од бројни познати личности и луѓе во својата околина дека планираат да се одбранат од корона вирусот со чаша алкохол.
Ова верување стана толку раширено што во Иран најмалку 44 луѓе починаа поради труење со метанол од прекумерно консумирање на алкохол.

Светската здравствена организација на својот официјален сајт и друштвените мрежи одговори на најчестите прашања и заблуди, а неодамна даде одоговор и на прашањето – Дали консумирањето алкохол делува превентивно на новиот вирус корона.

„Не! Консумирањето алкохол не ве штити од инфекцијата Covid-19. Алкохолот треба да се консумира умерено и луѓето кои не пијат алкохол не треба да почнат да го консумираат за да се заштитат од инфекцијата на Covid-19!“

Прегледи:
530
Категории:
Здравје
Објавено на:
23.03.2020