Категории

Дали љубовта помеѓу вас исчезнала? – Еве како да го сфатите тоа

Како да знаете дека едноставно не сте повеќе заљубени еден во друг и вашата врска не е како што била порано. Ова се некои од најјасните показатели..

Како и ветрот, љубовта едноставно се појавува. Некогаш сме подготвени за неа во својот капут, а некогаш трепериме со сето свое битие. Изненадно, ненадејно, потполно тивко, љубовта ќе затропа на нашата врата и чека да биде повикана да влезе во нашиот живот. Исто така, ако не се грижиме за неа, таа едноставно ќе собере дел од нас и ќе си замине. Додека се завршиме, сме сами. Иако не буквално, затоа што некој сеуште ја дели постелата со нас, но всушност љубовта ја нема. Нити трага нити глас од неа.

Како да знаете дека љубовта повеќе не е присутна?

Се поретко водите љубов
Главниот показател дека љубовта едноставно исчезнала. Никој секако не очекува од паровите особено не од оние кои се долги години заедно секоја вечер да водат љубов, но ако истото е само навика и нешто што морате да го направите „ради реда“, знајте дека љубовта си заминала.

Ја гледате својата друга половина повеќе како пријател отколку како љубовник
Вистина е дека вашиот партнер и треба пред се да биде личност на која ќе и се доверувате и на која можете да се потпрете, но некои нешта се резервирани само за најдобрата пријателка но не и за партнерот. Ако додека зборувате и седите еден покрај друг немате потреба да се прегрнете, бакнете или макар да му поминете со прстите низ косата, меѓу вас повеќе не постои привлечност како некогаш.

Повеќе ги гледате неговите маани отколку доблести
Колку подолго сме во врска со некого, толку повеќе стануваме свесни за неговите маани. Доколку се случува голем дел од истите да ви сметаат, а некогаш ви биле симпатични, бидете уверени дека вашата љубов спрема личноста полека почнала да се гасне.

Забележувате други мажи
Ако во последно време ви се случува зачестено да се загледувате во други мажи и да се замислувате во нивна прегратка, не ви е потребен поголем показател за тоа дека во врската во која се наоѓате нема љубов. Макар ја нема од ваша страна.

Се почесто се расправате
Иако расправиите помеѓу паровите се нормална појава, во миговите кога истите ескалираат до таа мерка да не може да помине ден без истите, знајте дека вашиот однос не е како што некогаш бил. Пожелно е да ги браните своите ставови, но ако тоа секој пат преминува во кавга и доведува до лутина, очигледно е дека недостасува љубов помеѓу вас.

Прегледи:
463
Објавено на:
21.09.2020