Категории

Дали некогаш сте посакале да заминете некаде далеку, каде нема никој?

Дали некогаш сте посакале да заминете далеку, многу далеку, каде нема жива душа и каде би живееле потполно сами?

Ако да, тогаш вие сте натприродно интелигентни, барем така тврдат најновите истражувања.
До овој заклучок дојдоа научниците од Универзитетот за менаџмент во Сингапур и Факултетот за економија и политика во лондон, а главната идеа била да се пронајде поврзаност помеѓу местата каде луѓето живеат и колку се задоволни со својот живот.

Резултатите покажаа доста интересно откритие – колку е поголема интелигенцијата кај луѓето кои живеат во големи градови, тоа помалку се среќни. Додека поголемиот дел од луѓето се среќни и задоволни опкружени со пријателите, високо интелигентните луѓе најдобро се чувствуваат кога се сами.

Зошто се случува тоа?

Научниците сугерираат дека се чувствуваме непријатно во големи заедници затоа што нашиот мозок е еволуциски прилагоден за работа во група од максимално 150 луѓе. Така да, колку личноста е попаметна, толку понепријатно се чувствува во големи групи.

Се поставува прашањето зошто поголемиот дел од луѓето најдобро се чувствуваат со пријателите. Поради тоа што пријателството не усреќува, ја задоволува нашата потреба за љубов и поврзаност, дава чувство дека сме потребни и пружи прилика за размена на искуства.

Тоа не значи дека интелигентните луѓе се несреќни со другите, туку дека пронаоѓаат мир и чувство на спокој кога се сами. Така можат подлабоко да нурнат во својата личност и свет и да гледаат од друга перспектива, а не константно да се наоѓаат во гужва и брзање.

Прегледи:
504
Објавено на:
22.02.2020